Знаете ли дека кожата на рацете старее дури 4 до 6 пати побрзо во однос на другите делови од телото?
За жал, така е. Причините се различни, од користење јаки хемиски средства за чистење без заштитни ракавици, па до недоволна нега со хидратантен крем. Јаките средства за чистење го уништуваат заштитниот слој на кожата кој се истенчува и станува неотпорен на микроорганизми, па затоа на рацете се појавуват бразди.
Исто така, проблем е и дехидрирана кожа која лесно поцрвенува, се лупи, поради што се појавуваат првите пеги и дамки. Кога тоа ќе се сумира, резултатот е драматичен, бидејќи дланките се тие кои ги откриваат нашите години.

Освен што редовно треба да ја негувате кожата на рацете со хидратантен крем, одвреме навреме направете и избелувач кој ќе ја потхрани кожата и ќе ги зајакне ноктите. За тоа ви е потребен само лимон. Еден лимон со кора исечете го на парчиња и иситнете го со миксер. Добиената смеса масирајте ја на рацете. Освен што кожата ќе добие изедначена боја, таа ќе биде и помека.
