Не е секогаш лесно да доберете обетки кои ќе ви стојат добро. Често се случува да купиме убави обетки, но кога ќе ги ставиме сфаќаме дека не изгледа многу убаво. Тоа се случува поради тоа што на секој облик на лице одговара различен тип на обетки.
Накитот бирајте го и според бојата на косата. Така на русокосите им препорачуваме златни обетки, и обетки со драгоцени камења особено во кафени тонови.
На црните со светол тен одлично им прилегаат златни и сребрени обетки. Обетките може да бидат украсени со црвени или зелени камења.
Ако имате кафена коса, одлично ќе ви прилегаат златни или бисерни обетки.
Во однос на обликот на лицето одберете ги обетките:
На оние со лице во облик на триаголник им прилегаат заоблени обетки со средна големина, висечки обетки во облик на солза или триаголник. Треба да избегнувате обетки во облик на срце, со остри ивици и јаки бои.
Округло лице – тенки, долги обетки со неправилен облик. Избегнувајте ги обетките кои се округли или оние како алки.
Лице во облик на коцка

– носете ланче во облик на буквата V. А што се однесува на обетките нека бидат округли.
Долгнавесто лице

– поголемите обетки визуелно го прошируваат лицето, а најмногу ви одговараат обетки кои се богато украсени. Масивни, големи обетки кои се многу впечатливи.
Широко лице

– најмногу ви одговараат скалести обетки, во облик на ромб или трапез.
