Motherhood

Неколку родителски фрази кои ќе помогнат за детската самодоверба

Сите ние сме биле деца и не треба да забораваме дека секое дете се прашува дали ќе се справи со задачите што ги има и се плаши од неуспех. Ние како родители треба да му помогнеме да поверува во себе и своите способности. Еве неколку родителски фрази кои ќе ни бидат полезни:

Следниот пат ќе успееш! Во ваквите моменти бидете со него и охрабрете го да проба повторно и дека не е важно дали си паднал по патот, ако накрај стигнеш до целта.

Оваа седмица одлично се справи со се! Покажете му дека секогаш има и успех и неуспех и дека тоа е нормално.

Беше одличен! Научете да ги забележувате неговите успеси дури и кога тие не секогаш се во сферата во која според вас детето треба да се развива.

И јас сум се сомневал/а во себе! Раскажете му на детето за тешките ситуации, проблеми и дилеми со кои сте се судриле и како сте ги надминале. Детето ќе разбере дека додека расте човек придобиваа се повеќе искуство и увереност.

Имаш право на сопствено мислење! За да изгради сопствена личност и да добие поголема самодоверба , детето треба да чувствува дека родителите го прифаќаат фактот дека тој не секогаш мисли како нив, дека е различен. Треба да го признате неговото право на сопствена позиција, дури и кога не се совпаѓа со вашата.

Никогаш не го критикувајте во присуство на неговите пријатели!  Зачувајте ги критиките за моментите кога ќе бидете сами.

Write A Comment