ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 5 поголеми главици кромид
* 1 шолја млеко
* 1 шолја брашно
* 2 шолји лебни трошки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечете го кромидот на тркалца. Извадете ги прстените од секој криг кромид. Секој прстен извалкајте го во брашно, па наредете ги сите на хартија за печење и ставете ги во замрзнувач да отстојат 15 минути. Сипете го млекото во еден сад и секој прстен од кроид потопете го во млекото. Потоа извалкајте ги во лебни трошки. Наредете ги прстените на хартија за печење и печете ги околу 20 минути на температура од 200 степени.
