Дали размислувате да ги промените очилата? Тоа никогаш не е едноставно, затоа што секогаш сакаме да избереме рамка за очила која ќе ни стои, но и која ќе го нагласи нашиот сексапил. Еве неколку совети како да изберете соодветна рамка за очила.
Густа коса: Изберете големи рамки за очила. Доколку имате густа коса, било да е кратка или долга, бирајте рамки чија должина е поголема од ширината – тие ќе ви прилегаат затоа што ќе му дадат рамнотежа на вашето лице. Малите рамки за очила ќе направат и вашето лице да изгледа многу помалечко и диспропорционално.
Кратка/боб фризура: Изберете помали рамки за очила. Доколку изберете поголеми или премногу упадливи рамки за очила, тие ќе го одвлечат вниманието од вашата фризура и целокупниот изглед.
Долга коса: Изберете преедимензионирани рамки за очила. Доколку имате фризура во стилот на 70-тите, со шишки, големите очила се вистинскиот избор за вас. Важно е да изберете рамки за очила кои ќ изгледаат интересно, но и ќе зрачат со сексипил.
Кога бирате рамки за очила, најдобро е тоа да го направите со пријателките, кои треба искрено да ви го кажат нивното мислење. Така ќе бидете сигурни дека сте го направиле вистинскиот избор.
