Cafe Del Mar

Ослабете без диета !!!

Кога би можела дебелата облека да ги прикрие вишокот килограми…

Сепак, реалноста е поинаква, дојде годишното време во кое сакаме да ја поправиме нашата форма и нашиот изглед, па за таа цел, сакаме да Ви укажеме на некои трикови кои се поефикасни и побезболни од ригорозните диети.

Што е можно поразлична храна

Тука лежи тајната на витката линија. На Вашето тело му се потребни преку 40 различни хранливи состојки кои доаѓаат од храната со високи вредности. Количината која ќе ја внесете зависи од Вашата телесна и Вашата оптимална тежина. Целта нема да ја постигнете ако јадете еднобразна храна.

Јадете интегрален леб

Да, и леб и други интегрални житарици. Луѓето најчесто го исфрлаат лебот, што и не е така идеално. За прехрамбената пирамида да биде потполна, потребни Ви се и житарици. Внимавајте да бидат квалитетни.

Јадете порција за Вашата идеална тежина

Одредете која тежина е идеална за Вас, и прилагодете го внесот на калории за таа цел. Притоа, водете сметка и за Вашата висина, а земете го и фактот колку сте физички активни.

Јадете редовно и често

Гладот води кон непромислено однесување. Покрај него, ќе внесувате намирници кои нема да Ве направат витки.

Јадете го она што го сакате

Откажувањето од намирниците што ги сакате, може да предизвика само искушение кон кое ќе се предадете. Намалете ги количините, но не откажувајте се потполно. Ако сакате десерти, јадете ги половина и поретко. Грижата за исхраната не смее да биде самоказнување.

Пазете на мастите

Ако редовно јадете мрсна храна, месо и полномасни млечни преработки, тоа е премногу… Променете ги навиките, заменете ги со немасни намирници од истиот вид.

Препознајте ги непријателите

За да ги исправите неповолните прехрамбени навики, мора да ги препознаете. Водете дневник за се што ќе изедете за време од три дена. Можеби ќе се изненадите колку често јадете маргарин, колку мајонез мачкате, или колку кекси или чоколадо имате изедено.

Напредувајте со мали чекори

Драстичните диети се осудени на пропаст. Менувајте ги навиките една по една. На пример, елиминирајте ги слатките, полнејќи го Вашиот стомак со Вашето омилено овошје.

Вежбајте, вежбајте, вежбајте !!!

Покрај непушењето и здравиот начин на исхрана, телесната активност е најважниот залог за долговечност и добра форма. Но, почнете умерено. Не се ни обидувајте за два дена да го надоместите она што сте го пропуштиле за цела година. Не би било лошо да имате стручен водич и да се консултирате со лекар. Да се вежба, значи да се донесе одлука која ќе трае месеци, па и години. Затоа, одберете го она што Ви причинува задоволство и одберете место блиску до Вашиот дом.

Write A Comment