Мојата кујна

Највкусниот колач со лимон

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250гр брашно

* 65гр нишесте

* 130гр мек путер

* 200гр шеќер

* 4 јајца

* 70мл млеко

* сок од два лимона и рендана кора

* 1 канче кисело млеко

* малку сол

* 1 пециво

* шеќер во прав за попрскување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Во еден сад го мешаме шеќерот заедно со кората од лимон.
  • Ги додаваме јајцата, млекото, јогуртот, сокот од лимон и путерот. Мешаме додека не стане крем.
  • Постепено го додаваме брашното, нишестето и пецивото и мешаме така додека се добие меко и пуфкаво тесто.
  • Смесата ја ставаме во тава или форма за печење во загреана рерна и печеме околу 30-35 минути на 180 степени.
  • Го вадиме колачот од рерна и откако ќе се олади го посипуваме со шеќер во прав.
  • Гарнираме со свежо овошје и сладолед.

 

Write A Comment