„Evaston Ma’In Hont Springs“ оазата сместена во опкружување кое изгледа како да е надвор од овој свет, во близина на јорданската страна на Мртвото море на 264 метри под нивото на морето изгледа како рајска градина.
Оазата располага со 97 добро опремени апартмани, од кои сите нудат сликовити погледи на планините и долината кои се наоѓаат наоколу.
Опциите за јадење исто така се врвни, односно го претставуваат она најдоброто што Јордан може да го понуди како и јадења од арапската и интернационалната префинета кујна.
Од ресторанот кој се наоѓа на врвот на карпа и има поглед кон Мртвото море, до винскиот подрум совршен за оние кои сакаат да дегустираат ексклузивни вина и разни видови на сирења, како и ресторан кој има поглед на водопадот ја прават оваа оаза една од најубавите во светот.
„Six Sense Spa“ центарот, кој е сместен под природниот водопад има 10 соби за третмани и парна печка и нуди неодолива тивкост, приватност, комфор и релаксација.





