Можеби не знаевте, но пивото како пијалок може да се користи и како средство за разубавување, и поконкретно за хидратација на кожата.
За целта измешајте 150 мл пиво, 1 ч.л јаболков оцет, 1 лажица мед и половина авокадо. Необичната мешавина добро промешајте и нанесете врз кожата на лицето. По половина час измијте ја маската со млака вода и нанесете лесен хидратантен крем (освен ако вашата кожа не е мрсна).
Пиво маска може да се користи при проблеми со кожата – ако таа е премногу сува или воспалена. Покрај тоа пивото може да ги избрише и фините брчки на лицето.
