Motherhood

Вредни лекции кои можете да ги научите од своето дете!

Често може да се слушне дека возрасните можат многу работи да научат од децата. Особено што се однесува за здравјето и животниот ритам. Се прашувате како?

Децата сè уште живеат слушајки ги првично своите физиолошки потреби, реагирајки на стимулите веднаш и непречено ги искажуваат своите емоции. Возрасните сепак сето тоа ќе го остават на страна за подоцна, бидејќи ги гуши секојдневниот стрес и презафатеноста. А тоа подоцна може да се врати како бумеранг. Затоа лекциите кои може да ги научиме од своите деца, односно оние на кои тие можат да не потсетат, се:

Кога сте гладни – јадете

Не го прерипнувајте ручекот бидејќи сте во голема работа и немате време. Ако сте премногу гладни, може да добиете главоболка, да го нарушите метаболизмот, да се почувствувате изморено и апатично. Секогаш можете да одвоите пола саат за ручек. Децата го слушаат својот стомак.

Спиењето е неизоставен дел на секојдневниот живот

Не си ги скратувајте вредните саати за сон – спиењето е важно. Кога децата се изморени или нервозни, време е за кревет. Обидете се и вие да се придржувате на тоа. Ништо не го одмара и освежува мозокот (и изгледот) подобро од сонот.

Искажете ги емоциите

Ако сте тажни или некој ве налути или ве повредил искажете ги емоциите, не ги потиснувајте. Можеби не треба баш на начин на кој децата тоа го прават, но разбирате што сакаме да ви кажеме. Исфрлете го тоа од вас и ќе се чувствувате подобро.

Не морате да седите мирно. Ни во канцеларија, ни дома

Децата се палави и постојано им кажуваме да бидат мирни. Но движењето е најприродна човечка потреба. Зошто да не се мрдаме или од време на време да да стануваме од столот – и на работа и дома. Напротив. Што повеќе физичка активност, тоа подобро.

Write A Comment