Денеска ви предлагаме еден рецепт за домашен козметички производ, бидејќи е исклучително евтин и брзо се приготвува, а одозгора на сето тоа се покажа како успешно сретство за чистење на шминката.
Еве и што ви е потребно:
1 чаша вода
1 лажица бебешки шампон
1/8 лажица бебешко масло (може да го замените со маслиново или кокосово масло)
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во соодветно стаклено или пластично шишенце и чувајте го лосионот на темно и на собна температура. Нанесете од текстурата на памук и започнете со чистење на лицето. Штом завршите со него, убаво исплакнете го лицето со млака вода и ставете од вашиот омилен крем.
