Дестинации

Најдобриот Хотел на Светот

Хотелот “Nihivatu” во Индонезија втор пат по ред е прогласен за најдобар хотел во светот од страна на специјализирано списание Travel + Leisure.

Хотелскиот комплекс се наоѓа на индонезискиот остров Sumba, кој се наоѓа на околу 400 километри источно од Бали. Направен е по моделот на старите куќи на островот, покриени со слама, но секоја соба има приватен базен.

Овој хотел е познат по неверојатниот поглед опкружен со природата. Основан е од страна на сурферите од осумдесеттите години, а на располагање на гостите им стои и сурфање,часови по јога, јавање, риболов, спа услуги, патувања …

На веб-сајтот се вели дека овој хотел дури и има своја фабрика за чоколадо!

Сево ова беше и повеќе од доволно за читателите на овој магазин да го прогласат за најдобар на светот.

Погледнете го малечкиот рај на земјата:

 

 

Write A Comment