Состојки:
-3 чаши брашно
-1 чаша јогурт
-1/2 чаши масло
-1 прашок за пециво
-малку сол
-1 јајце за премачкување на тесто
Од суштинско значење е да користите една чаша за мерка
Фил:
– салама исецкана ситно
-кечап
-рендан кашкавал
-оригано
Припрема:
Прво Вклучете ја рерната да се загрее додека се прави тестото.
Во сад ставете го брашното, а потоа прашокот за печиво и другите состојки (освен јајцето), се промешува со миксер (за тесто), а потоа со рака. Се развлекува добиеното тесто на подлога, се проширува и се вадат поголеми кругови со калап за колачи. Дебелината на тестото да биде околу 1 мм.
Ставете на средината малку кечап, додадете оригано, салама, кашкавал. Завиткајте и со рамната страна наредети ги на подмачкан сад за печење. Изматете едно јајце и со четка намачкајте ги. Над се ставете малку оригано или босилек. Печете околу 10 минути, додека тестото е светло кафена боја.
Пријатен Апетит.
