Пилингот за лице е многу корисен ако сакате да ги отстраните мртвите клетки и да го вратите сјајот на кожата. Пилингот за лице може да го нарпавите сами за една минутка.
За да направите добар пилинг потребен ви е кафеав шеќер, бидејќи е понежен од останатите груби честички кои се користат во козметиката. Измешајте го кафеавиот шеќер со некое хранливо масло (бадемово или маслиново) кое ќе ја стимулира циркулацијата и на кожата ќе и даде доволно влажност.
Пилингот нанесете го вообичаено, истријте ја кожата, исплакнете нежно со топла вода и нанесете хидратантна крема.
