Мојата кујна

Полнети шампињони

Брзо и вкусно

Потребни состојки:

– 14 големи шампињони

– 150 гр спанаќ

– 300 гр бело пилешко месо

– 4 чениња лук

– 0,5 дл бело вино

– малку путер

– сол и бибер

Подготовка:

Измијте ги печурките и извадете ја дршката, п аоставете ги нека се исцедат. Спанаќот издинстајте го на кратко, па ситно исецкајте го. Пилешкото месо ситно исецкајте го и пропржете го на масло. Рачките од печурките исто така ситно исецкајте ги, па додадете им го ситно исецканиот лук и зачинете по желба.

Во сад за печење сипете малку масло и бело вино, па наредете ги шампињоните. Во секоја од печурките ставете по едно тенко ливче путер и наполнете ги со филот. Прекријте ги со фолија и печете околу 15 минути на температура од 250 степени.

Write A Comment