1. Уживајте со своето дете!
Тогаш и другите ќе уживаат со него.
2. Не очекувајте премногу!
Уживајте во секој мал успех.
3. Не губете време на испитување зошто тоа Вам ви се случило!
Тргнете да барате помош за детето и за себе.
4. Верувајте дека Вашето дете многу ги оплеменува луѓето околу себе.
5. Верувајте во себе!
Вие најдобро го познавате своето дете. Се што сакате може да постигнете.
6. Немојте да бидете сами!
Побарајте помош!
7. Променете ја дефиницијата за успешно дете!
Вашето дете е поинакво и за него успех е нешто друго.
8. Бидете упорни. Борете се!
Бариерите и проблемите секогаш ќе Ве пратат.
9. На своето дете пред се бидете му родител!
Тоа е Вашата најважна задача во неговиот живот.
10. Без оглед на сите тешки моменти, силата црпете ја од веселите и радосни моменти!
11. Секој нов ден е поинаков! Некои се полесни, некои се потешки.!
Некогаш нема да можете да направите се што ќе посакате, а некогаш ништо.
12. Дајте си себе си одмор бидејќи тоа Вам ви треба!
Само одморени и задоволни можете да соберете сила за понатаму.
13. Кога Ви е тешко плачете, тагувајте,….
Тоа се нормални чувства.
14. Пронајдете време кога би можеле да бидете сами со партнерот!
Сите сте под стрес и сите сте си потребни едни на други.
15. Стремете се кон фамилијарно заедништво!
Спречете го оддалечувањето на едни од други.
16. Посветете се на останатите деца!
Вашето посебно дете нема ништо да изгуби.
17. Не се откажувајте кога ќе ви кажат “НЕ”
Упорноста отвара многу врати.
18. Зборувајте, покажете и докажете на сите колку обврски имате како би можеле полесно да ве разберат другите.
19. Поврзете се со други родители!
Разговорот со други кои се наоѓаат во иста позиција како Вие е корисно.
20. Разберете ја вашата ситуација како животно школо!
Вашето посебно дете Ве освестува да ги спознаете основните вредности на животот.
