Мојата кујна

Полнети тиквички со јајца и сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

*4 тиквички

*3 јајца

*300гр сирење

*по желба малку кашкавал за наросување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Тиквичките добро се мијат и се сечат на половина по должина.

Секој дел се издлабува, да се добие брод. Издлабената смеса се сече на ситни парчиња и се остава настрана.

Јајцата добро се матат и се додава малку сол.

Сирењето се ренда и се става во смесата со јајцата.

Тиквичките се полнат со подготвената смеса и се редат во тава.

По желба може да се попрскаат со малку кашкавал.

Се полева со масло и вода.

Се пече во загреана рерна на 200 степени 40 минути.

Се јадат студени.

Write A Comment