Motherhood

Цртежите на децата имаат сериозно значење

Можеби на родителите цртежот од нивното дете им делува смешно, но тоа што го нацртале има сериозно значење, тврдат британските истражувачи.

Британските истражувачи открија дека цртачката способност на детето на возраст од четири години е солиден индикатор за неговата идна интелегенција. Со помош на родителите, психолозите тестирале повеќе од 15.000 деца најпрво на четири, а потоа на 14 години, оценувајќи ги нивните цртежи на скала од 0 до 12.

Воочена е солидна врска измеѓу подобро оценетите цртежи и резултатите од тестовите за интелегенција не само кај четиригодишните деца, туку и кај 14-годишните.

„Тестот „нацртај дете“ е смислен во 1920-та година за да се процени интелегенцијата на детето, така што врската измеѓу тестот и интелегенцијата кај четиригодишното дете била очекувана“, изјави лидерот на истражувањето др. Розалинд Арден од Психијатрискиот институт на Кралскиот колеџ во Лондон, додавајќи дека научниците биле изненадени што таа врска била воочена и 10 години подоцна.

„Врската е солидна и затоа нашите резултати се интересни, но тоа не значи дека родителите треба да се грижат ако нивните деца цртаат лошо. Способноста за цртање не ја одредува интелегенцијата, постои цел низ на фактори, како генетски така и друштвени, кои влијаат врз интелегенцијата“, наведе таа.

„Цртањето е древна вештина, стара 15.000 години. Низ цртежот, ние пробуваме да му кажеме некому како размислуваме“, рече британската научничка во изјавата за BBC.

Write A Comment