Новости

Победникот на Евровизија се бори за живот,неговиот концерт го расплака светот!

Младиот Португалец се наоѓа во критична состојба и е сместен на интензивна нега.

Пејачот Салвадор Сабрал (27), победник на овогодинешното издание на Евровизија ја откажа својата турнеја и е сместен во болницата во Санта Круз.

Ова младо момче буквално ја воодушеви Европа и тоа не само со својот глас, туку и со емотивната животна приказна.

Веќе со месеци чека трансплантација на срце, а како што пренесуваат португалските медиуми сега го очекува најважната битка.

Неговата состојба значително се влошила, трансплантацијата му е потребна повеќе од било кога, но докторите се соочени со нов страв.

Дури и доколку му биде пронајдено срце од донатор на време, прашање е дали пејачот ќе ја поднесе операцијата и дали неговиот ослабен организам ќе го прифати новото срце.

Во продолжение потсетете се на неговиот настап.

Write A Comment