Art & Crafts

Како да ги отстраните дамките од кафе?

Иако ви се чини дека дамките од кафе на облеката никогаш нема да исчезнат, особено ако станува збор за светла површина, постојат неколку начини да ги отстраните.

На секој му се случува да истури кафе на облеката или на намештајот, што е особено незгодно како е во прашање светла површина. Еве неколку начини како да ги отстраните флеките:

  • Делот од ткаенината каде што е дамката треба да го натопите со ладно млеко и да го оставите да отстои, а потоа да го исперете со сапун.
  • Флеката може да се премачка и со смаса направена од една жолчка и глицерин. Флеката истријте ја со четка и исперете ја со млака вода.
  • Додека е сеуште се топло, флеката исперете ја со газирана вода и веднаш ќе ја отстраните.
  • Детергент за садови измешан со малку вода и сол е исто така ефикасен во отстранување на флеките од кафе. Мешавината треба да ја нанесувате на флеката со четка се додека не избели.

 

Write A Comment