Мода

Чипката и понатаму останува врвен моден тренд

Веќе неколку сезони се најавува дека чипката ќе излезе од мода и дека тулот и шифонот потполно ќе ја заменат. Но, според претставените колекции од врвните светски дизајнери таа ќе владее и следните сезони.

И понатаму се модерни сите видови на чипка, везени на тул, а понекогаш и повеќе видови искомбинирани за подоминантен ефект.

Оваа сезона посебен акцент е ставен на чипката во бела боја и црна боја, иако кај некои дизајнери може да се видат елегантни тоалети во сина, жолта или црвена чипка. Доколку сакате чипка, оваа сезона може да уживате во овој моден тренд.

Write A Comment