Кај цвеќињата чии стебла испуштаат слуз, како герберот, водата треба да се менува секојдневно, кај сите останати, може само да додадете вода во вазната, кога ќе испари…
Јоргованите, зумбулите, нарцисите, лалињата и другите пролетни цвеќиња го освежуваат домот со убавина и опоен мирис. Сепак, векот на цвеќињата во вазна е релативно краток, цвеќето брзо се суши и губи арома. Можете да го продолжите векот на цвеќето за една недела, а можеби и подолго, ако ги следите следниве совети:
– Вазната во која го ставате цвеќето треба да биде совршено чиста и наполнета до 1/3 со вода од чешма. Пред да го ставите цвеќето, почекајте водата да постигне собна температура. За тоа време отстранете ги долните листови на цвеќето бидејќи во водата брзо ќе почнат да гнијат. Секое стебленце скратете го за 1-2 сантиметри, но тоа направете го под вода, за да не влезе воздух кој би го попречел движењето на водата до пупките.
-Секој трет ден, во водата треба да се стави аспирин, кој ќе спречи бактерии. Цвеќето кое има шупливо стебло, треба да се скратува секои два дена.
-Ако сте љубител на рози, пред да ги ставите во сад, подопете ги со млака вода, 15 минути пред да ги скратите стеблата со кос рез и пред да ги отстраните долните лисја. Вазната со цвеќе не држете ја на топло и сончево место, за пупките да не се отворат пребрзо.
