Мојата кујна

Палента со горгонзола

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 450 г палента

* 1.7 л вода

* 300 г горгонзола (или друго ароматично сирење)

* 150 г кашкавал

* 70 г пармезан

* 60 г путер

* 1-2 лажици маслиново масло

* малку сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во сад за готвење ставете вода и оставете зоврие. Додадете лажица маслиново масло, малку сол, намалете ја температурата, ставете ја палентата и мешајте. Во зависност од зрното, на палентата ќе и треба од 15 до 25 минути да се зготви.

Садчињата за печење намачкајте ги со путер. Претурете ја палентата, одозгора ставете парчиња горгонзола, кашкавал и наросете со пармезан.

Печете во добро загреана рерна околу на 180 степени околу 15 до 20 минути. Имајте добар ручек!

Write A Comment