Големо НЕ за физичката казна. Тоа стои во основата на позитивниот родител. Агресијата кон децата ги учи на агресија и е причина да пројават насилство во иднина. Насилството ги учи децата дека агресијата е вистински начин за решавање на спорови и проблеми. А во исто време, со насилство е невозможно да наложите дисциплина и да го воспитувате детето. Изберете ја подобрата варијанта – наложете дисциплина со љубов. Не плашете се да ги покажете чувствата, тоа не значи дека автоматски децата ќе се размазени.
Бидете пред се негов пријател, само така ќе бидете негов добар родител.
Кажете НЕ но на заобиколен начин. Не бидете директни, бидејќи ефектот ќе биде обратен. Децата штом ќе слушнат НЕ, често решаваат да постапат обратно. Затоа не треба да се претерува со ова зборче кое треба да се чува за поважни моменти кога ќе треба да поставите граници и правила пред децата.
Бидете добар пример за детето. Не можете да му објаснувате како лагата е нешто лошо, а во истото време вие да лажете и детето да е сведок на вашите лаги. Не може вие да пушите и да објаснувате за тоа како пушењето е штетно и не треба да се прави.
И бидејќи крушата не паѓа подалеку од дрвото, сосема веројатно е детето да не го слуша она што го зборувате, а да го имитира она што го гледа и учи од вас.
Секогаш сочуствувајте со неговите желби, неволји, тревоги, проблеми, за да ви дозволи пристап во неговиот свет. А така ќе имате шанса да му помогнете или да смените нешто. Емпатијата е особено важна црта на позитивниот родител.
