Мажите се способни да станат татковци и во позрела животна доба. Со оглед на новите трендови на живеење, се почесто се случува тие да се одлучат на ваков чекор и после 40-те. Сепак научниците доаѓаат до сознание дека возраста на таткото, може да биде причина за болести или оштетувања кои може да се јават кај детето во некоја фаза од животот.
Се спомнуваат деформации, тумори, аутизам или реткиот Марфанов синдром. Тука всушност лежи и причината што донаторите на сперма не смеат да бидат постари од 40 години.
Студиите покажуваат дека и самите трудници може да имаат компликации при бременоста, без разлика на нивната возраст, доколку носат плод од партнер во позрела доба од животот. Најчесто се случува да истите патат од висок крвен притисок. Дури, некои од научниците дошле до сознанија дека шансите за бебето да се роди предвремено, се два пати поголеми ако таткото има повеќе од 50 години. Шведски институт дури тврди дека возраста на таткото како последица може да има и леукемија или тумор на мозокот кај детето. Сепак, како краен заклучок, се смета дека проблемот е кај разните генетски мутации и се смета дека премногу сериозни и недоволно потврдени се истражувањата од ваков тип.
