Прекрасните бои и текстури од колекцијата Scena D’uno wasou kimono навистина се интересни, а се едни од најпосакуваните во Јапонија, каде невестите наместо венчаници, носат традиционална носија, односно кимона.
Кимоната, кои се традиционална облека во Јапонија, буквално значат „нешто што се носи“ (ki значи носи, mono значи нешто). Кимоната потекнуваат уште од 5тиот век, иако постои разлика помеѓу модерните кимона и кимоната од минатото.
Кимоната се направени да раскажат приказна, па затоа се богати со бои, шари и дезени. Најчесто ќе ги сретнете цветните дезени, бидејќи цвеќињата во Јапонија се симбол на убавината. Кимоната од оваа колекција се изработени од свила и доаѓаат со сите дополнителни додатоци на традиционалните кимона.







