Потребни состојки:
– 200 гр брашно
– една кесичка прашок за печиво
– 100 гр шеќер во прав
– 100 гр путер
– 3 јајца
– 750 гр сливи
– 50 гр ореви
– 170 гр шеќер
– 2 лажици брашно
– 250н гр керм сир
– малку сол
Подготовка:
Измешајте го брашното, пецивото, половина од шеќерот и путерот, па додајте ја солта и едно јајце. Убаво замесете го тестото, прекријте го со крпа и оставете го во фрижидер да отстои половина час. Од тестото расукајте кора и ставете ја веднаш на плех.
Крем сирот измешајте го со преостанатиот шеќер во прав и ставете едно јајце и две до три лажици брашно. Смесата сипете ја врз кората, а одозгора наредете ги сливите. Печете околу 25 минути на 180 степени. Од белки и шеќерот изматете цврст снег, па сипете го преку сливите и вратете го во рерна уште 20 минути.
