Мојата кујна

Супер зачин од сланина

Доколку сте оние кои ги сакаат зачините и зачинетата храна тогаш овој рецепт е идеален за Вас.

За вистински гурмани кои знаат да уживаат во задоволството кое ја нуди вкусната зачинета храна.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Тенко сечена сланина

Морска сол

Сенф

Зачин по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во тава за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење, наредете ги тенките парчиња сланина на кои претходно сте намачкале малку сенф. Ставете ја тавата за печење во претходно загреана рерна на 220 степени Целзиусови и печете околу 10 до 15 минути додека сланината не стане грцкава.

Испечената сланина ставете ја на салфетки да се исцеди и олади. За тоа време спремете го садот за толчење и истолчете ја убаво сланината. Откако ќе ја истолчите и добите трошки сланина додадете ја морската сол или некој друг зачин по желба и убаво толчете додека не добиете хомогена маса.

Совет:

Зачинот од сланина чувајте го во фрижидер во добро затворен сад, за да потрае подолго време.

Write A Comment