ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1кг компири
* 7 чешниња лук
* 250мл павлака за готвење
* 100гр кашкавал (ајдамер)
* бибер
* ѓумбир во прав
* сол
* масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги компирите, ставете ги во солена вода и варете ги околу 10 минути. Откако ќе се сварат, извадете ги, исцедете ги и исечете ги на кругови (дебелина колку еден прст). Во ватростален сад намачкан со масло редете ги круговите во еден ред па додадете бибер, ситно исецкан лук и ѓумбир во прав. Потоа ставете уште еден ред компири и постапката повторувајте ја се додека не ги потрошите компирите. На крајот компирот поросете го со изренданиот кашкавал и полиете го со павлака за готвење.
Компирот во павлака печете го во загреана рерна на 230 степени околу 30 минути.
