Топлото чоколадо е омилена топла напивка на многумина и е идеално за студените денови. Може да се подготви од бело или темно чоколадо, зависно од вкусот. Оваа напивка се подготвува едноставно и претставува лесно решение за попладневните часови што ги поминувате во домот, бидејќи треба сосем малку време за подготовка. Ви предлагаме топло чоколадо со цимет и бисквити, што се подготвува за десет минути.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама чоколадо
100 милилитри млеко
2 лажици какао
100 грама слатка павлака
неколку бисквити
цимет по желба

Подготовка: На тивок оган загрејте го млекото и полека додавајте ја слатката павлака, какаото и чоколадото кое што претходно сте го искршиле на коцки. Мешајте постојано се додека смесата не се изедначи, а потоа гответе уште пет минути за да се згусне. Пред да го ставите топлото чоколадо во шолјата, ставете на дното малку мелени бисквити. Додадете цимет или ѓумбир по желба и дополнително декорирајте со шлаг, чоколадни трошки или лешници.
