Клер Петибон е позната дизајнерка на венчаници чии дизајни се карактеризираат со нежност, магичност и малку доза на магија. Ви ја претставуваме нејзината колекција Beau Monde за 2012 година, која доби високи оценки од модните критичари.
Колекцијата Beau Monde е склоп на прекрасна француска чипка, интересни корсети и нежни здолништа креирани да ја истакнат убавината на женското тело. Венчаниците се неверојатно романтични, извезени со рачно направени детали и, според зборовите на самата дизајнерка, наменети за невести кои на најубавиот ден од нивниот живот сакаат да изгледаат како самовили.














