Motherhood

Колку часа сон им се потребни на бебињата (според возраста)

Колку бебето ќе спие зависи од неговиот карактер, па така некои спијат цел ден, а некои едвај ќе состават неколку часа сон. Сепак, постои “мерка”која се однесува на возраста на детето.

0-3 месеци

Повеќето бебиња спијат од 16 до 18 часа на ден, обично по пресоблекување и хранење. Во оваа возраст бебињата се прилагодуваат на живот надвор од стомакот на мама, па е природно многу често да се будат, особено во текот на ноќта.

3-6 месеци

Како вашето бебе расте, така се намалуваат неговите потреби за спиење. Сепак, не би требало да спие помалку од 13 часа дневно, од што спиењето во текот на денот “отпаѓа” околу три часа. Бидејќи бебето сега веќе не се храни на секои три часа, можете полека да почнете со “тренингот” ноќно спиење.

6-12 месеци

Ова е вистинското време да се научи вашето бебе да спие во текот на ноќта. Вкупно време на спиење сега се сведува на 13 часа на ден, што значи дека дневно треба да се спие два пати по два часа и девет навечер . Ова е идеално време за да го спроведете на дело нашиот еднонеделен план за учење за спиење.

12-24 месеци

Потребата за спиење сега е намалена на околу 12 часа дневно, со тоа што детето треба да спие 2-3 часа попладне, а остатокот се однесува на ноќно спиење. Повеќето деца на возраст од две години спијат во текот на денот само еден час, додека ноќе спијат девет часа.

2-4 години

На оваа возраст на децата им се потребни десет часа сон, воглавно ноќе. Некои деца престануваат да спијат во попладневните часови кога ќе достигнат возраст од две години, но повеќето тоа го прават на 3-4 години. Ако вашето дете не сака да спие попладне, не мора, но би требало да мирува најмалку половина час.

Write A Comment