Познато е дека лимонот има голема примена во козметиката, за да ги избледи флеките и пегите на лицето. Исто така неверојатно е колку може да ве освежи доколку од него направите пијалок.
Меѓутоа лимонот можете да го искористите и за природно избелување на исфлеканата облека. Едноставно, додајте половина чаша лимонов сок во машината за перење (во делот каде што ставате прашок) и ќе бидете задоволни од резултатот. Доколку не сакате да го ставите сокот во машина, потопете ја исфлеканата облека во врела вода и додадете го сокот од лимон. По 2 часа исперете ја облеката на вообичаениот начин и повторно ќе бидете изненадени од резултатот. Доколку парчето облека е многу исфлекано оставете го цела ноќ да одстои во лимоновиот сок.
