Мода

Плишани здолништа – есенски тренд кој ќе го обожавате

Веројатно веќе ви е јасно дека модата која ги одбележа 70-тите години од минатиот век повторно се враќа на модната сцена. Бохо стилот доминираше ова лето, но судејќи по најавите на модните писти ќе биде популарен и во текот на есенскиот период.

Плишаните здолништа со најразлични кроеви, но најмногу оние во стилот на 70-тите, ќе бидат апсолутен хит. Па, ако сте од оние кои ги следат трендовите мора да поседувате барем еден од овие модели во вашиот орман.

1. Класика – На прво место тука се класичните еднобојни модели, а боите кои ги одбележаа 70-тите, а кои најмногу ќе ги гледаме оваа есен се земјените – беж, крем, кафена, цигла и портокалова. Можете да ги носите со патики и со чизми, но и со сандали, а најдобро одговараат со чипкасти блузи во бохо стил.

2. Копчиња на предната страна – Ова, заедно со ресите беше заштитен знак на модата од 70-тите! Копчињата се поставени по целата должина на предната страна на здолништето. Овој детал визуелно ќе ја издолжи вашата фигура и ќе го направи вашето тело повитко.

3. Патент на предната страна е уште еден детал кој е неизбежен на плишаните здолништа. Создава ист визуелен ефект како и копчињата, но има малку помодерна нота.

4. Шарени – Се разбира тука се и шарените модели кои со своите бои освојуваат на прв поглед! Овие здолништа сами по себе се впечатливо парче облека па препорачуваме да ги носите со едноставни блузи и обувки.

5. Во боја – освен земјените тонови може да најдете и плишани здолништа во силни бои како розева, црвена, зелена, жолта…идеални се за сите оние кои сакаат да бидат забележани!

6. Реси – Апсолутно најпопуларен тренд од 70-тите! Во последните неколку сезони можевме да видиме реси на обувки, чанти, накит…а оваа есен ќе ги обожавате плишаните здолништа со реси. Тие навистина му даваат одредена живост на изгледот, а ако се наоѓаат на вистинското место може и да го обликуваат телото, па така ако сакате пошироки колкови земете здолниште со реси распоредени по пределот кај струкот.

 

Write A Comment