Не е средство полно со хемикалии, а успешно риба и чисти баш како и прочуениот доместос. Секако, не е потребо да се потенцира дека многу поубаво мириса.
За ова чудотворно средство ќе ви биде потребно:
– голема тегла или два
– шише со распрскувач
– алкохолен оцет
– кора од грејпфрут, портокал или лимон
– 3-4 капки есенцијално масло од портокал
Наполнете ги теглите до половина со кората од грејпфрут, лимон или портокал. Останатиот дел од теглите наполнете го со оцет. Добро протерсете и ставете го на сончево место во домот. Запишете ја датата и оставете ја теглата да “мирува” три недели до еден месец. По тој период, исфрлете ја кората, исцедете ја добиената течност и разредете ја со вода 1:1 . Течноста ставете ја во шише со распрскувач и по желба додадете неколку капки етерично масло.
Добиената течност користете ја чистење на рерната, фрижидерот, бањата, вц-шолјата и туш кабината. Одлично ги отстранува сите нечистотии.
