Состојки:
- 1-2 модри патлиџани исечени на кругови
- 1 кромид исечен на кругови
- 2-4 чешниња лук
- 800 г домати
- 2 лажици доматно пире
- 430 г сварен и исцеден наут
- 3 лажици ситно сечкан магдонос
- 3 лажици ладно цедено маслиново масло
- свеж босилек
- малку шеќер, малку цимет и сол по вкус
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 230⁰С степени. Ставете во тавата алуминиумска фолија и намачкајте ја со маслиново масло. Ставете го модриот патлиџан на фолијата, попрскајте сол и масло врз секое парче.
Ставете ја тавата во рерна околу 15 минути или додека патлиџанот не добие кафеавкаста боја.
Извадете ја тавата, и внимателно свиткајте ја фолија на половина, фатете ги рабовите, така што ќе го покриете модриот патлиџан, за да продолжи да се готви на пареа и да омекне. Оставете го така барем 15 минути.
Во меѓувреме, направете го сосот од домати. Загрејте 2 лажици маслиново масло во голема тава на средна температура и додадете го кромидот. Гответе, мешајќи често, се додека кромидот не омекне, околу пет минути, па додадете го лукот и зачинетесо сол. Гответе околу една минута. Додадете ги доматите, доматното пире, шеќерот, циметот, босилокот и сол по вкус. Динстајте ја смесата во непокриенета тава, мешајќи често, околу 20 до 25 минути, се додека сосот не стане густ. Додадете бибер, пробајте го сосот и по потреба дозачинете со сол. Отстранете го гранлчето босилек, и додадете го наутот.
Загрејте ја рерната на 175⁰С степени. Ставете малку зејтин во тавата и ставете тенок слој од доматниот сос, додадете половина од смесата со модриот патлиџан (во слој) и половина од преостанатиот доматен сос врз првиот слој. Повторете ја постапката.
Печете 30 минути, додека не почне да врие. Извадете ја тавата од рерната, и оставете ја да се олади најмалку 10 до 15 минути. Попрскајте со магдонос при сервирањето.
