Иако можеби не изгледа така поради високите температури, всушност зимата не чека веднаш зад аголот, па затоа би било добро да ја дочекаме подготвени.
Покрај големите џемпери кои се актуели оваа есен и од кои мора да поседувате барем еден, дебелите зимски палта се она што ќе ве стопли најмногу во екстремно студените денови.
Црните палта се секога ин, но што е со отстанатите бои?! Во новите колекции на светски познатите брендови за облека може да се забележат безброј капути во свежи нијанси.
Ако сакате да бидете уникатни, тогаш ова може да биде вистинскиот начин за тоа. Секоја девојка има црно палто, но дали важи истото за црвеното, розовото или синото палто? Веројатно не.
Подолгите палта се посебно атрактивни оваа сезона. Затоа воопшто не двоумете се. Погледнете ги нашите предлози и подновете се со едно зимско палто во свежа боја.












