ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1кг брашно
* мало лажиче сол
* 7дл млеко
* 2дл масло
* 1 свеж квасец (или 3 суви)
* 1 жолчка за премачкување
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте го брашното, солта, кавсецот и млекото и замесете тесто (со раце) се додека не се изедначи. Потоа додадете го маслото и повтроно измесете го тестото па оставете го да надојде.
Од тестото направете 8 точиња од кои секое ќе го расукате и ќе го поделите на 8 делови.
Ќе го виткате во облик на кифличка, од поголемата страна на триаголникот кон помалата.
Кифличките ставете ги во плех за печење и премачкајте ги со жолчка од јајце со малку сол и по желба можете да ставите и сусам.
Печете на 200 степени целзиусови додека кифличките не се зацрвенат (околу 20-25 минути)
