Motherhood

Нови брачни правила

Многу работи се променија во текот на последните десет години кога станува збор за бракот, неговата функција, неговите придобивки и сфаќањата за него. Експретите за врски и бракови откриваат неколку нови современи правила за бракот кои ќе ви помогнат да ги одржувате својот брачен живот.

Многу млади брачни парови ги променија правилата на бракот кои беа карактеристични во 20 век. Воведоа нови норми, правила и трендови истовремено заборавајќи на одредени битно моменти за бракот, истакнуваат експертите.

1. Старо правило

Сето слободно време поминете го заедно и бидете сомничави ако вашиот партнер сака време само за себе.

Ново правило

Повремено излезете до вашите пријатели секако без сопружникот. Тоа е сосема нормално па и неопходно за бракот.

2. Старо правило

Потражете професионална помош при проблеми во бракот.

Ново правило

Учете како да го одржувате бракот. Пред да влезете во брачните води прочитајте некоја книга за бракот и почнете самите да го менаџирате.

3. Старо правило

Мажот и жената треба да ги поделат обврските во домот.

Ново правило

Домашните обврски се организираат според способностите, вештините, времето и наклонетоста на партнерите.

4. Старо правило

Прав тест за добар брак е одговорот на прашањето колку добро ги поминувата брачните кризи

Ново правило

Мали, секојдневни работи, позитивни или негативни се елементите кои го одредуваат успешниот брак.

5. Старо правило

Да имате среќен брак потребно е вашиот партнер да биде од истата околина, да има ист степен на образование, работа, воспитување.

Ново правило

За стабилен брачен живот не е битно дали доаѓате од различна околина или… побитни се Вашите способности за преговарање и компромис.

6. Старо правило

Сексот станува помалку важен со текот на годините во брак.

Ново правило

Одржувајте ја брачната сексуалност на задоволителен начин, небитно колку години сте во брак.

Write A Comment