Вкусен, лесен и едноставен ручек !!!
За 4 лица:
100 грама сирење
700 грама компир
300 грама моркови
200 милилитри слатка павлака
250 милилитри млеко
100 грама путер
Малку рузмарин
Лажичка масло за јадење
Сол и бибер
Време на подготовка 60 минути
НАЧИН НА ПОДГОТВКА:
Излуштете го компирот и морковот, исечете ги на кругови. Редете ги во намастен плех за печење наизменично, компир па морков. Посолете и ставете бибер.
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
За тоа време изматете ја слатката павлака и млекото, посолете и ставете бибер. Во смесата ставете го изренданото сирење, исечканиот босилек. Со оваа смеса прелиј те ги компирите и морковот. Најодозгора во мали коцки распоредете го путерот.
Печете околу 45 минути.
Ова јадење служете го со бело вино или пиво.
Уживајте во вкусот!!!
