ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр пилешко филе
* 400гр свежи печурки
* 30гр путер
* 1,5 лажица брашно
* 300мл млеко
* 100гр кисела павлака
*150гр кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Месото исечете го на тенки шницли, па исчукајте ги со толчник за месо и ставете сол. Секоја шницла пржете ја на малку масло, колку да добие боја, па извадете ги и во истото масло издинстајте ги печурките. Направете бешамел сос така што ќе го истопите путерот, во него ќе го пропржите брашното, ќе додадете млеко и кога ќе почне да врие ќе ја додадете и киселата павлака.
Ватросталниот сад ќе го намачкате со маргарин и ќе го попрскате со презла, а потоа ќе редите еден ред бело месо, еден ред печурки, па бешамел сос. Повторете уште еден ред, па одозгора изрендајте кашкавал и ставете го во рерна да се запече.
