Дубаи, Обединетите Арапски Емирати – Ако сте љубители на футуристичките метрополи, Дубаи е онаа која не смее да ја припуштите. Познат е по своите пространи песочни плажи и егзотичните островчиња во нивна близина.

Санкт Петербург, Русија – За разлика од Москва, тука се чувствува Европскиот дух и изглед. Покрај тоа, во овој град ќе пронајдете извонредна уметност и спектакуларен ноќен живот.

Барселона, Шпанија – Тесните улички и одлично стилизираните дами му даваат посебен шарм на овој град, додека на самиот брег ќе сретнете раскош од ресорти и шпански вили.

Буенос Аирес, Аргентина – Тука ќе ја почувствувате латинската страст, заедно со кафето кое полека го испивате во локалните барови и кафулиња.

Берлин, Германија – Вечна класика која мора да ја посетите. Задолжително истражете го и подземјето ако сакате да пронајдете ноќен живот кој никогаш не престанува.

Шангај, Кина – Миксот на модерната и кинеската култура создава една посебна целина во Шангај, надополнета со топло гостопримство и необични локали.

Сием Реап, Камбоџа – И покрај тоа што е релативно нова туристичка дестинација, тука се наоѓаат најголемите храмови и религиски споменици во светот. Идеална релаксација од гужвата и урбаниот стил на живеење.

Ханој, Виетнам – Градот кој нуди фантастичен спој на традиционалната виетнамска култура и францускиот стил на живеење.

Париз, Франција – Уште една романтична класика чија магија вреди да ја доживеете. Само една недела е доволна да го впиете парискиот начин на живот, вкус, мода…

Маракеш, Мароко – Шарените чаршии и традиционалните палати се она што на прв поглед ги привлекуваат туристите ширум светот, каде буквално во воздухот ќе го почувствувате мароканскиот начин на живот.

