Дестинации

Посетете го Тенерифе- островот каде што нема зима

Од седумте Канарски Острови – Тенерифе е најголем и најнаселен остров. Тенерифе годишно го посетуваат околу пет милиони туристи, што го прави и најпосетен од сите  Канарски Острови. За оваа група на острови, многумина сметаат дека се именувани по птицата „Канаринец“ , но нивното име доаѓа од латинските збор “Insula Canaria“, што во превод значи „Остров на кучиња“, кое им го дале Римјаните кога прв пат го посетиле островот.

Тенерифе е исто така познат како островот на вечната пролет, поради тоа што има многу блага клима и преку целата година времето е сончево. Во зима температурата достигннува до најниски 20 степени, додека при лето температура е до 30 степени. Планинските масиви го делат островот на северен и јужен дел и не дозволуваат облаците да преминат на јужниот дел на островот. Затоа и климата е различна во северниот и јужниот дел на островот. Северниот дел е значително повлажен и има повеќе врнежи од дожд. Во просек, во јужниот дел на островот врне пет дена во годината.

Благодарение на овие услови, во јужниот дел на Тенерифе од 80-тите години на минатиот век почнала туристичката експанзија, па поради тоа и 65% од сите хотели се сместени тука. Туризмот е за првпат развиена во градот Кост Адехе, а потоа се одморалиштата Плаја де Лас Америка и Лос Крисрианос. Во последниве години, туризмот почна да се шири кон северниот дел на островот – во областа Ла Калета.

Сместување

2-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

На Тенерифе е донесен акт со кој се забранува изградба на хотели со категоризација пониска од пет ѕвезди, хотелските комлекси вклучуваат различни услуги како што се терен за голф и сали за конгреси, сè со цел за подобрување на стандардот на туристичките услуги.

Сите хотели имаат базени, а собите (апартманите) не се помали од 50 квадратни метри. Претежно се состојат од голема дневна соба, комплтно опремена кујна, спална соба, бања и голема тераса, на кои има и лежалки.

Летувалиштата (Лас Америка и Лос Крисрианос) ќе ги задоволат критериумите на секого. Покрај многубројните забави на морето и песокот, има и квалитетни трговски центри, терени за голф, ресторани, аква паркови, золошки градини и театар погоден за одржување на концерти или конгреси.

Градови и плажи

3-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

Главен град на Тенерифе е Санта Круз де Тенерифе каде секоја година во февруари се одржува голем карневал. Пости конкуренција помеѓу Санта Круз и Лас Палмас, главниот град на соседниот остров Гран Канариа, па дури и таа кавга е позната под името „Pleito Insular“.

На јужниот дел од островот, во близина на аеродромот се наоѓа и еден од најубавите рибарски гратчиња – Лос Абригос, малечко гратче – пристаниште, преполно со ресторани покрај обалата каде рибарите директно од чамци ја испорачуваат рибата и школките на рестораните.

4-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

Една од најубавите плажи е плажата Ел Дјук, која со сивиот песок воодушевува на прв поглед и нуди вистинско уживање. Преубавата плажа со многу ресторани во кои можете да се опуштите со пијалок и јадење. Секако треба да да се посетат и останатите плажи, една од нив е сигурно и Манки плажата, на која освен пливањето, ќе можете да уживате и во лежалките со прекрасни бели завеси.

Силата на океанот е неверојатна и ако сте прв пат на океан, водете сметка малечките бранови да не ве излажат, иако изгледаат како да ја галат плажата, нивната сила ќе ве закопа во песок до коленици. Водата во океанот е секако ладна, дури и во најтоплите месеци температурата на водата е околу 22 степени. Треба да се биде внимателен и полека да се влегува во водата. Ако ви е многу ладна водата во океанот, секогаш можете да се опуштите на лежалките покрај базените во хотелите.

Екскурзии

5-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

Покрај тоа што е најголемиот канарски остров, на Тенерифите се наоѓа и највисокиот врв на Шпанија. Тоа е феноменална планина на која се наоѓа вулканот Ел Теиде висок 3817 метри, кој е воедно и трет најголем вулкан на светот. Ел Теиде станал национален парк во 1954 година, а од 5 јули 2007 година UNESCO го запишал во светското наследство.

6-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

Поминува низ гратчето Гарачико, кој порано бил важно пристаниште и во кој живееле првите жители „Tenerifa Guanci“, потоа ќе го видите живописно гратче Икод, каде ќе можете да видите змејово дрво, но можете да пробате и разни ликери или да купите некое вино. Исто така на малечкиот градски плоштад можете да уживате во разни концерти. До вукланот Ел Теиде можете да јавате и на камили.

На самиот влез во националниот парк Теиде, ќе мислите дека се наоѓате на друга планета во некој научно фантастичен филм. Имено, патот кој го правеле политичките затвореници во време на Франк е на работ на најголемиот кратер. Ќе ги видите карпите од изладената лава – црвени и црни,  како и разни необични форми кои како некој да ги расфрлал наоколу. До самиот врв на вулканот има жичара, но за таму да се качите, треба посебна дозвола. На северниот дел од островот, каде е поголема вегетацијата и има повеќе зеленило, главено туристичко место е градот Пуерто де ла Круз, кој успеал да задржи дел од својот стар шарм град-пристаниште измешан со влијанието на северна Европа.

7-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

Во тој град треба да се посети Лоро Парк. Тоа е парк со животни во кој можете да уживате во претстави со орка китови, делфини, фоки или папагали. Тука е и една од најголемите вештачки ледени карпи со пингвини, кои исто така треба да се видат. Секако на располагање ви е и зоолошката градина во кој ќе видите неверојатни примероци на разни видови животни, од птици тркачи, желки, па се до ајкули. Кога сте веќе тука посетете го еден од поубавите аква паркови со повеќе базени.

8-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

Кога еднаш ќе се најдете на овој остров задолжително тргнете на едно од многубројните крстарења, на кои ќе ги видите делфините и китовите. Повеќето бродчиња имаат провидно дно, па ќе можете да уживате гледајки ги овие морски животни. Делфините ќе пливаат до бродчињата, а ќе се изненадите кога до бродчето ќе го здогледате и китот долг и до осум метри. Ќе уживате во глетката на островот од океанот, на плантажите со банани, карпата Лос Гигантес.

9-tenerife-ostrovot-kade-shto-nema-zima-keif-mk

Што треба да пробате

Овошје и зеленчук има во изобилие и веројатно некои работи ќе ги јадете за прв пат во живот. Задолжително пробајте ги нивните банани кои не се многу убави на изглед, но кога ќе ги пробате ќе разберете каков е вистинскиот вкус на ова овошје. Нема никаква сличност со вкусот кој ние го познаваме. На јужниот дел од островот нема многу вегетација, постојат два вида на кактус и понекоја палма, но кога ќе го прејдете планинскиот масив и ќе дојдете на северниот дел, како од пустина да сте дошле во Амазонска прашума. Поради големата влажност на воздухот и вегетацијата е поголема.

Совет

Бидејки на островот нема вода за пиење, ниту една река ни поток, па затоа водата од чешма не се пие, титу пак нивната флаширана вода не е многу вкусна бидејки ја прават од дождовница  и од водата од океанот. Задолжително купувајте странска вода во шишиња.

Write A Comment