Состојки:
4 големи печурки
100 г горгонзола (или друго сирење по желба)
25 г пржени и исечкани ореви
4 гранчиња мајчина душица, магдонос)
Путер исечен на мали парчиња
Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени и откако ќе ги одвоите од дршките наредете ги печурките во тепсија за печење. Рамномерно поросете ги со сирење, ореви, мајчина душица и путер.
2. Печете ги десетина минути се додека не омекнат, а сирењето не се стопи.
