Велат дека ова е најубавиот период од годината, а сега божиќните празници се и официјално прогласени за најдобро време да се предложи брак.
На прво место од најпопуларните денови во годината за предлагање на брак со 32% се најде денот пред Божиќ а Ноќата на вештерките е на петтото место веднаш зад новогодишната ноќ, според резултатите на една британска анкета.
Еве кои се идеалните денови за предлагање на брак, според мислењето на жените:
– Денот на вљубените
– Годишнината кога сте се запознале
– Бадник
– Божиќ
– На новогодишната ноќ
– Во Новата година
– Неговиот роденден
– Нејзиниот роденден
– Ноќта на вештерките
Идеален ден за предлагање на брак според мислењето на мажите:
– Бадник
– Денот на вљубените
– Годишнината кога сте се запознале
– Ноќта на вештерките
– Божиќ
– Новогодишната ноќ
– 1-ви јануари
– Неговиот роденден
– Нејзиниот роденден
