Мојата кујна

Макаронс

Состојки:

Тесто:

  • 3 белки
  • 50 гр шеќер
  • 200 гр шеќер во прав
  • 110 гр брашно од лешник
  • Боја за јадење (по желба)

Крем:

  • 100 гр бело чоколадо
  • 0,5 дл шлаг
  • 1 лажица сок од лимон

Постапка за припрема:

  1. Брашното од лешник (лешници мелени во блендер или ситно исецкани) измешајте ги со шеќерот во прав. Белките измиксирајте ги во 3 наврати и додајте го шеќерот. Во измиксаната белка нежно додадете го лешниковото брашно и шеќерот во прав
  2. Смесата ставете ја во округол калап. На лим обложен со хартија за печење истиснете ја смесата во кругови од 3 цм. Нека одстои 1 саат, додека да се направи кора. Печете 12-14 мин на 150° C .
  3. Оставете макаронсот да се изладат.
  4. Шлагот загрејте го и прелијте го преку чоколадата. Кога ќе се излади, додајте лимон и полнете ги макаронсот.

Готовите макаронс ставете ги во затворена кутија

Write A Comment