Дестинации

Дали знаете кои се најубавите плажи на Балканот

Иако е сеуште зима, сигурно се прашувате кои се најубавите плажи на Балканот. Летото ќе ни дојде за час па затоа изберете ги со време најубавите летувалишта во регионот за одмор. Ви ги претставуваме најубавите 8 плажи, кој никого нема да го остави рамнодушен.

Плави Хоризонти, Црна Гора – Сместени се на крајот од долината Пржно. Плави хоризонти е скриена плажа на овој мал залив. Финиот песок се простира на 300 метри, а од двете страни е опкружена со карпести висорамнини. Морето е чисто и плитко, што значи дека ќе ви биде потребно некое време да отидете доволно далеку како би можеле да пливате.

Лубенице, Хрватска – Оваа бела каменеста плажа е сместена во заливот во близина на селото Лубеница на Хрватскиот остров Цреса. Опкружена е со стрмни карпи и им обезбедува на посетителите мир и тишина. Меќутоа, постоењето на карпи значи дека до плажата можете да стигнете на 2 начина, или со чамец или преку стрмните и остри карпи.

Златни песоци, Бугарија – Една од најатрактивните дестинации за поголем дел туристи од цела Европа и една од најубавите плажи на Црното Море, се наоѓа на неколку километри од Варна. Плажата стекнала популарност благодарение на широките песочни предели со прифатливи цени. Иако самата плажа е преубава, водата на Црно Море и не е така импресивна. Морето е чисто, ама е темно, нема солена арома во воздухот, така да немате осет дека се наоѓате на море.

Плажа Ксамил, Албанија – Малото приморско село Ксамил има убави песочни плажи а се наоѓа во јужна Албанија. Преку водата постојат неколку мали островчиња, од кој секој има сопствен бар. Островчињата не се далеку од копното. Водата е чиста, не е премногу ладна а не е ни длабоко. Предност е што скоро никогаш нема гужва и затоа може да биде причина таму да го поминете својот одмор.

Краљичина Плажа, Црна Гора – Оваа плажа се наоѓа на само 1 километар од познатото место Чањ во Црна Гора, а го добила името по кралицата Марија Караџорџевич која овде го поминувала летото. Оваа плажа има 120 метри префинет златен песок, украсен со чемпрес и маслинки како и тиркизно плаво море.

Златни Рат, Хрватска – Златни Рат е една од најубавите плажи на Јадранот. Сместена е на јужната обала на островот Брач во близина на градот Бола. Оваа плажа ви дава осет како да има свој сопствен живот. Опкружена е со чиста, ладна вода и убав мирис на борови. Мешавината на ароми од солта и боровите ќе ве прати каде и да отидете.

Дерми, Албанија – Дерми можеби не е стилизирано место, али секако нуди единствен рустичен шарм. Ова јужно албанско село се наоѓа на 3 саати возење од Тирана, а покрај главната плажа постојат и оние кои се малку подалеку, ама па затоа се и многу поубави.

Ада Бојана, Црна Гора –  Ада Бојана се простира на 3 километри и е една од најпопуларните црногорски дестинации. Се наоѓа на речен остров опкружена од двете страни: реката Бојана од една страна и Јарданското море од другата страна. Овој остров е познат по 2 работи: по најголемата нудистичка колонија во земјата и по најдобрите ресторани со морски плодови.

Write A Comment