Art & Crafts

Направете сами дезодоранс за WC школката

Тоалетот е просторијата во домот која еднакво ја користат сите во домот и во него треба да се води сметка за хихгиената. Одржавањето на хигиената на тоалетот во голема мера ќе ви биде олеснета доколку сами си направите дезодоранс (сапуница) за wc школката.

Wc школката е мал разнесувач на бактерии и нечистотии, а чистењето на истата никого не развеселува. Ние пронајдовме интересен рецепт на сапун кој wc школката ќе ја исчисти од бактериите и ќе и даде пријатен мирис.

Потребни состојки:

  • 1 1/3 сода бикарбона
  • 1/2 лимонска киселина
  • 30 капки етерично масло од лаванда (можете да користите и пеперминт или лимон)
  • Силиконски калапи за колачи

 

Во сад измешајте ја сода бикарбоната и лимонската киселина, додајте етерично масло и нежно измешајте додека не добиете погуста смеса. Доколку ви се чини смесата дека е премногу густа, можете да додадете малку вода, но полека додавајте вода и мешајте.

Добиената смеса сместете ја во калапи и оставете ја да се стврдне, најмалку 6 часа. Кога ќе се стврдне извадете ги калапите сапуни и сместете ги во тегличка или некој пластичен сад. Дезодорансот користете го многу едноставно, ставете го во wc школката секогаш кога мислите дека е потребно освежување, по пуштање на водата

 

Write A Comment