Лошите навики околу исхраната го преоптоваруваат организмот, а веќе е познато дека храната богата со шеќер не е добра за крвните жили, додека маснотиите штетно влијаат на мозокот, заклучија научниците.
Лекарите предупредуваат дека јадењето на нездрава брза храна води кон депресија. Затоа оние кои редовно консумираат храна со многу маснотии имаат 60 отсто шанси да бидат депресивни за разлика од оние кои се хранат здраво.
Затоа и денес продолжуваме со совети која храна да ја избегнувате за да успеете во напорите да имате здраво тело.
Пржена морска храна (освен риба)

– пржени ракчиња, школки, јастог се богати на транс масти и на канцерогениот акриламид
– најчесто содржат и жива, која е токсична за организмот
– може да се контаминирани со паразити и резистентни вируси
Маргарин

– транс масти се вештачки направени масти кои се среќаваат во храните кога производителите користат хидрогенизација, процес при кој се додава водород на растителното масло за да се преобрази во по тврда маст.
– хидрогенизацијата го променува течното растително масло во потврдо
– при хидрогенизација е потребно користење на токсични материи како катализатори – метали како никел, паладиум, платина и кобалт
– иако е точно дека маргаринот не содржи холестерол, процесот на хидрогенизација не само што ја променува физичката форма на маслата, но го променува и начинот на кои мастите се преработуваат во телото
– повеќето од корисните масти се променети во транс мастни киселини
– зголемување на LDL холестеролот
– зголемување на Lp(a) липопротеинот, вид на LDL холестерол
– згоелмување на нивото на триглицериди
– зголемен ризик за коронарна срцева болест.
Шеќер и засладувачи

– Рафиниран шеќер и смеси што содржат рафиниран шеќер, вклучувајќи сукроза, декстроза, пченичен сируп, кафеав шеќер, турбинадо.
– Не конзумирајте вештачки засладувачи (аспартам, цикламат и слично)! Многу пати е докажана нивната потенцијална канцерогеност и поврзани се со други тешки болести. Секогаш е подобро да конзумирате шеќер, отколку засладувач!
Сол

– Солта создава многу физички проблеми и страдања. Да, на телото му е потребно сол (натриум), но мора да биде во органска форма за да биде корисна за телото. Готварската сол, натриум хлорид, е неорганско натриум-соединение што содржи и хлорид. Екстремно е токсична за телото и промовира задржување на течности во телото. – Земањето големи количини готварска сол ги истенчува и втврднува артериите и го зголемува ризикот за мозочен удар и срцева слабост. Ја зголемува веројатноста за бубрежно функционално влошување.
– Натриум хлорид го вади калциумот од коските, кој се исфрла преку урината. Ова води до рана и болна остеопороза, и ослабување и полесно кршење на коските.
Крекери, грицки и засладени житарки

– Сите овие храни содржат транс масти.
Храна богата со заситени масти

– Заситени животински масти. Ова значи мрсно месо, особено телешко и свинско и кожа на живина (кокошки, патки, мисирки). Овде се вклучени и високо-маслени млечни производи како сирење, млеко и крем. Мрсното месо и млечните производи имаат некакви позитивни ефекти за да се вклучат во исхраната, но немаат такви кои неможат да се добијат од друго место.
