Ако поголемиот број на познати јавни личности Божиќ го одбележуваат по Грегоријанскиот календар, некои од нива како што се актерите Том Хенкс и Кристијан Бејл, ријалити звездата Ким Кардашијан и манекенката Наоми Кемпбел, најголемиот православен празник го слават на 7 јануари според Јулијанскиот календар.
Некои од нив се одлучиле на православие поради предците, некои поради партнерот, а некои од љубов поради обичаите.
Така оскаровецот Том Хенкс кој е роден како католик, но преминал во православна вера откако се оженил со Рита Вилсон која е од грчко-бугарско потекло.

Слично постапил и глумецот Кристијан Бејл, кој ја примил православната вера откако се оженил со Сиби Блазич, манекенка со потекло од Србија.
Британската манекенка Наоми Кембел исто тата одлучила да го слави Божиќ по Јулијанскиот календар поради својот партнер – рускиот тајкун Владислав Доронин.
Иако е родена во Лос Анџелес, Ким Кардашијан, која е по потекло од Ерменија, прави вечера на 6 јануари.
Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер минатата година Божиќ го одбележал и на 25 декември но и на 7 јануари за својата сопруга Ана Иванович која е тенисерка од Србија

